Насловна

Историјат

Документи

Црковен Одбор

Изградба

Гостинска книга

Слики ФБ

Видео

Аудио

Контакт



..:: ДОНАЦИИ ::..
† Свети Наум Охридски

Kontonr.: 625368204
blz: 12000-BankAustria




Архиепископ

Митрополит

Свештеник

Богослужби

Молитви

Акатист

Житие

Пр. Календар


†мпц линкови


* Помагатели *

Avstrija-Makedonija

Avstrija-Makedonija

mirko

† ФОРМИРАЊЕ НА ЦРКОВНАТА ОПШТИНА †

Македонскиот народ е жива историја.Tој е реалност и каде и да се наоѓа во светот тој со себе ја носи сопствената историја и сопствената судбина.
Дел од македонскиот народ во потрага за подобра иднина, за себе и за своите идни поколенија,во седумдесетите години тргнува со торба в рака на печалба подалеку од својот роден крај. Дел од тој печалбарски народ судбината го донесе на овие простори - Австрија.
Тука, уште од своето доаѓање ,тој македонец отвара нова страница на сопсвената историја.
Понесен од чувството на длабока морално-релагиозна и културно-традиционална повзаност кон роднито татковско огниште - Македонија, почнува да се организира низ разни форми на организиран живот, а се со цел да остане тоа што е - македонец и во Австрија.
За остварување на овие идеи, македонците во Австрија - Виена во почетокот беа организирани преку својот клуб ИЛИНДЕН кој беше носител на сите организирани свечености. Но македонецот познат како голем приврзаник на својата религија постојано размислуваше како и на овој простор да дојде до своја Македонска Православна Црковна Општина.
Така да, кон крајот на 1992 г., се оживотвори оваа поодамнешна идеја и желба на сите македонци, се формира Македонска Православна Црковна Општина и во Виена. Оваа идеја се реализира благодарение на многуте македонски родољуби и патриоти кој целосно ги вложија своите високи црковно национални, морални и религиозни чувства.
Јас морам да спомнам дека меѓу првите македонци кои изразија желба за формирање на МПЦО во Виена се :
Коложег Јане, Киселоски Станко, Киселоски Иван, Коцевски Драги, Лазе Пецев, Лубе Киселоски и Блаже Киселоски.
Иницијативниот одбор е формиран 1993 г. и веднаш по формирањето пристапи кон организација на црковниот живот и подоцна со организирање на првите црковни свечености и литургии за што беше покането свештено лице од Македонија.
На 08.01.1995г. на состанокот на првиот инициативен одор изгласано е името на нашата Црковна Општина(Ц.О) Св.Наум Охридски Чудотворец, а на наредниот состанок одржан на 17.02.1995 г. е избран и првиот Управен Одбор. Од овој ден Ц.О. Св. Наум Охридски-Виена представува лична карта на македонскиот народ и се грижи за неговиот културно религиозен живот во Австрија - Виена.
Организирањето на првата света богуслужба не беше така лесно и едноставно но упорноста на членовите на МПЦО беше голема и успеја ,од средба во средба, бројот на верниците да се зголемува. Управниот одбор за да може да ги организира легално сите овие средби требаше да биде акцептиран од страна на Светиот Архиепески Синод на Македонска Православна Црква.За таа цел, после изборот на управниот одбор на ден 17.02.1995 г., испратено е барање за негово признавање до Синодот на МПЦ во Скопје со молба за прием на нашата Ц.О под Канонска и Духовна Јурисдикција на Светиот Архирејски Синод на МПЦ, односно во крилото на Македонската Православна Епархија за Европа.
Одлуката за прием е донесена на 03.06.1997 година и со тоа практично станавме рамноправен член на Македонската Православна Епархија за Европа. Истовремено беше поднесено барање и до овдешните власти за регистрација на нашата општина. Регистрацијата ја добивме на 20.04.1998 г. како Македонска Културна Заедница Св. Наyм Охридски Виена. Но управниот одбор и во периодот додека траеше постапката за признавање и регистрација на Ц.О. интезивно работеше на повеке правци:
- организирање на свети Богуслужби за Божик и Велигден
- Одржување на контакти со националната дирекција за странски црковни општини.
- Присуство на повеке семинари и црковни средби
- Обезбедување на простори за нашата Ц.О.

Во тој период беа остварени и повеке контакти со црковните власти во Виена, а исто така учествувваме на повеке семинари што беа организирани од Националната дирекција за странски Ц.О. По повод на предавањето на новите простории на Националната дирекција за странски Ц.О имавме прилика да се запознаеме и да размениме мислења со многу странски црковни лица .
Посебно сакам да ја потенцирам средба со представникот на англо-американската Ц.О. Исто така нашата Ц.О учествуваше за првпат и на редовното годишно Епархиско Собрание кое се одржа на 14 и 15.11.1998 г. во Штутгарт - Германија на кое нашата општина беше представена како опстина за пример како треба да се организира и раководи една Ц.О.
Од горе наведенто може да се види дека управниот одбор, од 1995 г. до денес, навистина активно работел.
Во 1997 година по повод божикните празници покрај прота Стојан Глигоров присуствуваше и нашиот прв предпоставен- негово високо преосвештенство Европа Горазд. Управниот одбор со помош на директорот и секретарката на национална дирекција за странски Ц.О. господинот Stekl и госпоѓата Beranek договоривме состанок со Erzbischoff Herr Schönborn.
На разговорите кои се водеа во присториите на Erzdiözese Wien присуствуваа следните особи:
- Erzbischoff Schönbom
- Митрополитот Европски г-дин Горазд
- председателот на МПЦО Св.Наум Охридски Димче Лазовски
- секретарот на МПЦО Св.Наум Охридски Станко Киселоски
- свештеното лице прота Стојан Глигоров

На состанокот покрај останатото се покрена прашање од наша страна за помошта која може да ни ја пружи Erzdiözese Wien, а поточно за одстапување на црковен простор од нивна страна за нашите потреби.
На самиот состанок Erzbischoff Schönbom рече дека ќе ја испита можноста за реализација на оваа прашање и дека ке се консултира со правната служба на Erzdiözese Wien.
После скоро една година, како резултат на нашите упорни средби и разговори со националната дирекција за странскии Ц.О. и благодарение на госпоѓата Беранек на 08.01.1998 г. се стретнавме со одговорните лица за изнајмување на црковен простор во Erzdiözese Wien и тоа со д-р. Ehn. На состанокот ни беа понудени црковни простории на Siemensstrasse 26, 1210 wien.
Тој предлогот го прифативме . На 15.01.1998 г. добивме писмен преддоговорот и истиот со мали корекции го вративме на правната служба на Erzdiözese Wien со молба да ни доставаат дефинитивен договор.
За наша несреќа, наместо да добиеме термин во Erzdiözese Wien за потпишување на договорот, ние на 23.03.1998 г., писмено бевме известени дека договорот ке можеме да го потпишеме откако ќе се добие согласност од грчкиот председавник Erzbischoff Staikos. Таква согласност од Erzbischoff Staikos досега не добивме и договорот не може да се потпише. Нивно мислење е дека ние македонците и нашата Православна Црква сме секта .
Но иако разочарани од оваа нехумана и крајно нехристијанска постапка од Erzbischoff Staikos Управниот Одбор не изгуби надеж, напротив позасилено продолжи да работи и да води коресподенција со тогашниот прв секретар Маг. Schüler потоа Маг. Schustel, Маг. Lagler, Herr Stekl и други влајателни црковни личности.
После долготрајната и упорна работа на Црковниот Управен Одбор успеавме да дојдеме до податоци дека Црковните простории на Winckelmannstrasse 34, 1150 Wien се слободни и можеме да ги користиме. Веднаш по добивањето на оваа информација дел од членовите на Управниот Одбор договорија средба со управните лица и на состанокот дојдовме до заклучок дека просториите можеме да ги користиме но заедно со нивната Ц.О. Оваа изјава на Pata Andreas малку не поколеба али истовремено продолживме да разговараме за други простории кои се наоѓаат во истата зграда и истите ке можеме само ние да ги користиме. Просториите беа на лице место разгледани и истите одговараат за нашата намена.На 22.10.1999 г. Црковниот У.О одржа состанок и се донесе едногласна одлука просториите да се изнајмат.

Заклучно до 2000 година продолжува ... во изработка!


Благодатност за техтот на председателот Димче Лазовски


† Сите права задржани / Copyright © 2011-2013 Роберт
Makedonija